САД го предупредиja Иран на сериозни последици во случај на нов напад врз Израел

САД синоќа во Советот за безбедност на ОН го предупредија Иран дека ќе се соочи со сериозни последици доколку изврши нови напади врз Израел или американските сили на Блискиот Исток.

– Нема да се двоумиме да се одбраниме. Да биде јасно, САД не сакаат понатамошна ескалација, но сметаме дека ова треба да биде крај на директната размена на оган меѓу Израел и Иран, изјави амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

Советот за безбедност на ОН се состана по саботниот напад на Израел врз ирански фабрики за ракети, кој следеше како одговор на иранскиот напад врз Израел од 1 октомври, кога Техеран лансираше околу 200 балистички ракети.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Сајед Иравани, го обвини Вашингтон дека е „соучесник“ на Израел поради воената помош што му ја обезбедува.

– Иран ќе одговори на оваа агресија кога ќе одлучи, нагласи Иравани.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, повика Советот за безбедност да воведе санкции кон воената и економската инфраструктура на Иран.

- Реклама -