САД, Германија, В. Британија и Франција се „решени“ да продолжат да ја поддржуваат Украина

Американскиот претседател Џо Бајден и лидерите на Германија, Франција и Велика Британија денеска ја изразија својата решеност да ја задржат поддршката за Украина и „ја осудија континуираната руска војна“.

По состанокот во Берлин, четворицата лидери во заедничката изјава „ја повторија решителноста да продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзините напори да обезбеди праведен и траен мир“.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -