Сѐ повеќе мажи чистат по дома, доказ се бројките на Тoкcикoлогиja

Нема ден а на Токсикологија да не завршат една две домаќинки, а во последнава година и исто толку домаќини, кои претерале со „коктелите“ од средства и детергенти додека чистеле низ домот.

„Речиси стана секојдневие и нема дежурство а да не дојдат 1-2 домаќинки или домаќини како резултат на вдишување на пареи од корозивни средства“, вели д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија, во разговор со „Сител“. Најчесто во домаќинството се користат солна киселина и варикина, а луѓето неретко мислат дека со мешање на двете супстанци ќе постигнат подобар ефект. За жал, при мешањето се формира хемиска реакција при која се ослободуваат интензивно иритативни, па дури и отpoвни гасови, кои предизвикуваат и сериозни проблеми, како компликации на целиот респираторен систем, а посебно на белите дробови, објаснува тој.

За разлика од претходно, патем, последниве години нема само жени, туку и сѐ повеќе мажи, низ насмевка коментира д-р Беќаровски.

 

- Реклама -