Русокосите (не) се забавуваат

Повеќе...

Нив ги прати репутација дека најмногу се забавуваат, но веројатно е дека нивните романтични сништа ќе се срушат само по првиот состанок.


девојки

Русокосите девојки имаат репутација дека најмногу се забавуваат, но веројатно е дека нивните романтични сништа ќе се срушат само по првиот состанок.
Додека третина од првите судари во Велика Британија завршуваат катастрофално, русокосите имаат поголеми шанси нивните мечти за оној "вистинскиот" да се окончаат уште на старт, за разлика од своите црвенокоси и црнокоси колешки.
 
Изгледа дека се тие најмногу склони кон тоа да заведуваат на првиот состанок со приказни за бившите, да се опијанат, да одвлечкаат во кревет и на крај да му го заборават името на оној со кој прв пат се среќаваат.
 
Истражувањето е спроведено врз 1300 луѓе од страна на онлајн фирмата Parship, а намерата била да се открие зошто толку многу први состаноци завршуваат лошо. Од 18 милиони први состаноци колку што секоја година се одржуваат во Британија дури 6 милиони пропаѓаат. Од агенцијата изјавувиле дека е малку веројатно некој да се однесува поинаку само заради бојата на косата кај жените, но дека може да се случи заради стереотипите.
 
Во филмовите блондинките се секогаш глупави или пак најдобро се забавуваат. Каков е односот на другите луѓе кон нив влијае и на нивното однесување, што би објаснило зошто русокосите се склони да бидат "полоши" девојки од црнокосите и црвенокосите и зошто на пример завршуваат во кревет со некој во првата вечер. Истражувањето покажало дека предрасудите за однесувањето кое вклучува доцнење на состанок, бегање од партнерот, опивање и зборување за бившите врски е одговорно за гасење на љубовниот жар на првата средба. Значи повеќе од 8 милиони луѓе никогаш нема да имаат следен состанок со истата личност. 
- Реклама -