Русокосите најмногу изневеруваат

Едно испитување кое истражувало дали бојата на коса на мажите и жените има врска со верноста, покажало дека русокосите се убедливо најневерни.

Интернет страницата Cheatterville неодамна спроведе анкета меѓу корисниците за да дознае дали бојата на коса и изневерувањето имаат нешто заедничко.

Cheatterville чиј слоган гласи „Немојте да дознаете последни“ е наменет за сите оние кои сакаат јавно да ги обелоденат своите неверни партнери и притоа да проверат други имиња кои се на „црната листа“.

Судејќи според резултатите бојата на коса навистина игра голема улога!

30578_shutterstock_104308157_iff

Истражувањето покажува дека најмногу изневеруваат русокосите, а што се однесува до машкиот род – главни швалери се оние со смеѓа боја на коса. Меѓу неверните жени 43 отсто се русокоси, следуваат бринетите со 23 отсто, а најверни од сите се жените со црна коса – 11 отсто.

Најневерни мажи се оние со смеѓа коса – 40 отсто, следат црнокосите со 23 отсто и русокосите со 20 отсто.

- Реклама -