Русковска во „24 Отворено“: Кичеец користел мобилен додека бил во притвop

Обвинетиот во „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец, додека бил во притвор имал на располагање и комуницирал преку мобилен телефон, потврди обвинителката од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Вилма Русковска, во интервју во „24 Отворено“ на „ТВ24“.

Русковска сѐ уште не знае со кого комуницирал Кичеец, бидејќи, како што вели, вештачењата на тие телефони сѐ уште не се завршени. Причина за тоа, објаснува, е што претходно имало други, поприоритетни вештачења што требало да бидат направени.

 

- Реклама -