Руските сили не бомбардираат станбени згради, можеби украинска ракета паднала во Дњепар, вели Москва

Кремљ негира дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар, каде, според украинските власти, руска ракета убила најмалку 36 лица.

„Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз зградата“.

Според украинските власти, најмалку 36 лица, меѓу кои две деца, загинале во експлозијата на руска ракета што во саботата погоди зграда во Дњепар, а 35 лица сè уште се водат како исчезнати. Бројот на загинати денеска се искачи на 35, а потоа на 36, бидејќи спасувачките екипи пронајдоа тела под урнатините.

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

Извор: МИА

- Реклама -