Руските полицајки се премногу секси за на работа

Министерството за внатрешни работи во Русија забрани кратки здолништа за полицајките, како и останати измени на униформите.„ Кога ќе запознаете некој, првото што го гледате е неговата облека, а за полицијата која ја врши својата должност од клучно значење е да изгледа согласно и уредно. Од време на време видовме непристојно носење на униформата. Шефовите на полицијата мораат да обрнат поголемо внимание на изгледот на своите вработени“, изјави заменик министерот за внатрешни работи Сергеј Герасимов.

Весникот “The Moscow Times” напиша дека забраната е наменета за стопирање на трендот во кој своеволно се менуваат униформите на женските полицајци, додека мажите имаат обичај да ги кратат ракавите.

Началниците се охрабрени да вршат секојдневно проверка на уноформите на своите вработени, со цел да бидат сигурни дека истите се соодветни.

p

 

- Реклама -