Рускиот претседател својот 63 роденден ќе го прослави со познатиот ветерани по хокеј.
„ Путин ќе игра хокеј со своите стари познаници, познатите хокејаши ветерани и со учесниците на Ноќната хокејашка лига чија што сезона започнува утре“, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека Путин во моментов се наоѓа во Сочи.
Прочитај повеќе: СОЧИ, ГРАД НА ДУХОВИ
Ни претходните родендени на рускиот претседател не поминаа едноставно. Секој од нив го одбележа некаква занимливост.
Така 12 студентки по новинарство од Москва на оригинален начин му го честитаа 58-от роденден. Студентките се соблекоа по долна облека и снимија еротски календар, кој е печатен под името „Владимире Владимировичу ние те сакаме. Среќен роденден господине Путин.“
Облечена во црни чипкани чорапи, мис март Лена Горностајева му посака на Путин среќен роденден со пораката: „Изгаснавте шумски пожари, но јас уште горам“.
Лани Путин зема слободен ден и отпатува во Сибир да го прослави својот 62 роденден. Истовремено во главниот град на Чеченија илјада луѓе носеа 600 метри долго знаме од Русија по улиците низ градот.
Други носеа на себе маици во црвена, бела и сина боја за со своите тела да направат џиновско руско знаме.
Многу од нив во своите раце носеа фотографија на Путин. Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров напиша на својот профил на Инстаграм дека роденденот на Путин го прославиле 100.000 луѓе.
Поглаварот на Руската православна црква, патријарх Кирил му го честиташе роденденот на Путин со зборовите дека „неговото водење на државата станало составен дел од националната историја“.
Руските медиуми на своите сајтови објавија фотографии од изложба во Москва под името „12 задачи на Владимир Путин“ на кои рускиот лидер е прикажан како прочуениот антички јунак Херкул кој се бори против западните сили, прикажани како змии и чудовишта.
Роденденот се славеше и во Њујорк, каде обожавателите на ликот и делото на Путин, отворија работилница на маици со неговиот лик.
Инаку, Путин 61-от роденден го прослави на индонезискиот остров Бали, каде одржа самит.