Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја откажа посетата во Турција, планирана за утре.
„Донесена е одлука за тоа да се откаже оваа средба, која беше планирана за утре во Истанбул на ниво на министри за надворешни работи на Русија и Турција “, изјави Лавров пред новинарите.
„Она што е потребно сега да се нагласи е зголемувањето на терористичката закана, која потекнува од територијата на Турција. И ова не се однесува за случајот од денес “, додаде Лавров.