Рускиот доктор кој го пречека Путин во московската болница е позитивен на коронавирус

Докторот Денис Протсенко, кој минатата недела го пречека и го придружуваше рускиот претседател Владимир Путин при неговата посета на московската болница „Комунарка“, каде се лекуваат болни од Ковид-19, е позитивен на коронавирусот, објави државната телевизија „Росија 24“.

При посетата на Путин, Протсенко, како главен доктор во болницата, беше пофален за добрата организација на персоналот и снабденоста со сите потребни медицински апарати и средства. И додека се ракуваа, и додека разговараа, ниту еден од нив двајца не носеше соодветна заштита, како што може да се види и од снимките и фотографиите од посетата.

Од Кремљ, сепак, велат дека Путин редовно се тестира и дека „сѐ е во ред“, пренесува РИА.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -