Рускиот амбасадор во Белград: Москва нема потреба да се крие зад преседанот со Косово

Амбасадорот на Русија во Белград, Александар Боцан Харченко, истакна дека во Србија постои теза дека неговата земја ја искористила „суверенизацијата“ на Косово и посочи дека Москва нема потреба да се крие зад „косовскиот преседан“, јави дописникот на МИА од Белград.

„Целта, сигурен сум, е единствена – да се внесе раздор во нашите односи со Србија. Но, нашиот пристап е фер и отворен. Не ни треба да се криеме зад ‘преседанот’“, рече Боцан-Харченко во авторски текст во Политика.

Според него, ако се прочитаат изјавите на претседателот на Русија – Владимир Путин, и министерот за надворешни работи – Сергеј Лавров, се разбира дека државниот врв „пред сè ја става заштитата на националните интереси на Русија обезбедувајќи ја безбедноста на татковината и строго го следи меѓународното право во своите постапки“.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

Во контекст на решавањето на косовското прашање, пишува Харченко, тие тргнуваат од истата премиса и позицијата на Русија, истакна, е непроменлива – дека треба да се бара правично решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина, во меѓународни рамки дефинирани во Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Косовскиот преседан, заразен пример на самопрогласената ‘независност’, секако е факт. Се сеќавам дека по решавањето на косовското прашање, нашите поранешни западни партнери, пред сè САД, побараа колективно да се утврди, и покрај логиката на реалниот живот, дека Косово е ‘уникатен случај’, а во духот на нивниот корумпиран концепт на ‘поредок, заснован на правила’. На правилата кои произволно ги одредува Западот“, оцени рускиот амбасадор во Србија.

Извор: МИА

- Реклама -