Руски смартфон, поскап од iPhone 6, излегува на пазарот

Рускиот производител на уникатни смартфони YotaPhone, што се одликува со два екрани ја претстави својата втора верзија на уредот на специјална прес-конференција во Лондон. Смартфонот има нормален AMOLED-екран, како и повеќето паметни телефони, но на неговиот грб е лоциран втор екран (e-ink) кој е погоден за читање на електронски книги.

„Типичниот корисник на смартфон го активира својот уред над 150 пати на ден. Зошто? Бидејќи стравува дека некоја важна информација  како порака или e-mail, е скриена зад оф екран на уредот “, коментира Влад Мартинов, извршен директор на Yota Devices.

8877

 

„Уредите Yota гарантираат изнаоѓање на решение за овој проблем. Иднината на смартфоните е кон  визуелизирање на информациите на екранот за добивање на пристап до нив во реално време, без да се се наметнува активирањето на смартфонот “, додава Мартинов, цитиран од весникот PC Advisor.

Главниот екран на паметниот телефон е HD со големина од пет инчи. Задниот екран е малку помал и е со големина од 4.7 инчи, што е секогаш активиран. Тој е со резолуција 540 х 960 пиксели. И двата екрана се со дисплеј Gorilla Glass 3, кое ги штити од повреди. Моделот е со оперативен систем Android 4.4 KitKat и располага со 2 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна меморија. Задната камера е 8 мегапиксели. Цената на моделот е 700 евра, што го прави поскап од iPhone 6.

- Реклама -