Италијанската полиција уапси човек со руско потекло кој се облакал како
нинџа и ширел страв кај локалните фармери во северниот дел од земјата.
Италијанската полиција уапси човек со руско потекло кој се облакал како нинџа и ширел страв кај локалните фармери во северниот дел од земјата.
Човекот се камуфлирал во црно одело и ги ограбувал фармерите и нивните семејства во неколку наврати.
Тој со себе носел нож врзан за неговата нога и бандана околу главата. Негова мета биле изолираните фарми доцна во вечерта, каде одземал пари и вреден накит од исплашените семејства.
Но, пред некој ден нинџата бил надмудрен. На вратата го чекал стар пензионер со пушка.
Нинџата успеал да избега од местото, качувајќи се на својот велосипед, по што заминал во пченкарните полиња. Меѓутоа полицијата брзо дошла на местото и го уапсила, по што го идентификувале како Игор Вацлавич, поранешен војник во руската армија.
Во неговата опрема покрај многуте нинџа аксесоари, бил пронајден и визир за ноќно гледање.