Руски навивачи претепаа редар (видео)

Првиот ден од Европското Првенство го донесе и првиот посериозен инцидент, откако десетина руски навивачи се судрија со редарите пред стадионот во Вроцлав, претепувајќи неколку од нив пред страстите да се смират и хулиганите да се упатат кон трибините на стадионот.

„Вжештените глави“ најпрвин брутално истепаа еден редар, а потоа се упатија кон уште неколку официјални лица на стадионот влегувајќи во физичка пресметка и со нив. За среќа, страстите брзо се смирија, по што хулиганите влегоа на стадионот, а на повредените редари им беше укажана лекарска помош.

{youtube}rOm4IN1G9yU{/youtube}

Објавено во соработка со Екипа.

- Реклама -