Заменик секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација – Рашид Нургалиев, денеска изјави дека Русија се соочува со тешкотии, па дури и прави грешки во воената кампања во Украина, но најави дека таа ќе продолжи да се бори, јави ДПА.
„И покрај тешкотиите, специјалната воена операција ќе биде завршена“, изјави Нургалиев.
Тој потенцираше дека операцијата ќе биде приведена кон крај и покрај испораките на оружје од Западот за Украина.
Руските цели во Украина – „демилитаризација“ и „денацификација“ на земјата, како и заштита на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, ќе бидат остварени, додаде Нургалиев.
МИА