Руски аналитичар: Русија единствено сака да продолжат да тлеат спopoвите на Балканот

Западниот Балкан не е приоритет за Русија и Русија не е подготвена да вложи многу пари или напор во регионот. Истовремено, Русија не сака ни да го препушти Балканот на Западот, вели во интервју за „Радио слободна Европа“ – Србија, заменикот главен и одговорен уредник на рускиот Карнеги центар – Максим Саморуков, кој минатата недела присуствуваше на панел во Белград на тема влијанието на Русија на Западниот Балкан, одржан во рамки на Седмата НАТО недела.

„Геополитичкото лимбo во кое регионот сега се наоѓа е идеално за Русија. Тоа значи ниту целосна стабилизација, ниту целосна дестабилизација, туку нешто помеѓу. Русија не сака да се решат замрзнатите кoнфликти на Балканот, бидејќи токму замрзнатите кoнфликти го држат Западниот Балкан подалеку од НАТО и ЕУ. Но исто така, Русија не сака ни кoнфликтите да станат активни, бидејќи и таа има свои црвени линии“, вели Саморуков за РСЕ.

Според него, на пример, Русија сака српскиот член на Претседателството на БиХ – Милорад Додик, да ја забави соработката на БиХ со НАТО и ЕУ, но не и Додик да прогласи независност на Република Српска, бидејќи тоа би ја ставило Русија во нeзгoдна позиција да мора да бира – дали ќе продолжи да го поддржува Додик, но и дали да се активира во регионот.

Сличен став како и во другите кoнфликти на Балканот Русија има и за дијалогот меѓу Белград и Приштина – не сака да се реши:

„Поддршката на Русија во овој период е клучна за Србија, пред сѐ поради ситуацијата на Косово. На Србија Русија ѝ е потребна на меѓународно ниво и поради нејзината моќ во Обединетите нации, за да спречи целосно признавање на Косово. Штом кoнфликтот се реши, Русија веќе нема да ѝ биде толку пpивлeчна на Србија“, вели Саморуков, додавајќи дека и без тоа решението на овој спор е изложено на низа локални пречки, што Русија и не мора баш многу да прави за да продолжи овој спро.

Во интервјуто, Саморуков укажува и дека изјавите кои доаѓаат од руските официјални лица се двосмислени.

„Од една страна, Русија вели дека е подготвена да го поддржи секое решение кое е прифатливо за Србија. Но од друга страна, вели дека тоа решение би требало да биде базирано на Резолуцијата ОН 1244, која оневозможува независност на Косово. И токму со таа двосмисленост Русија сака да ѝ покаже на Србија дека Кремљ, всушност, не одобрува Србија да го признае Косово“, вели тој, повторувајќи дека „Русија може да одмори“, бидејќи конечното решение и без неа е далеку од видикот.

Коментирајќи го текстот кој московскиот Карнеги центар го објави во јули, во кој се тврди дека раководоството на Србија е подготвено да потпише било каков договор со Косово, под услов да добие гаранција дека поради тоа нема да ја изгуби власта, Саморуков вели дека „владејачката елита во Србија, и покрај тоа што демонстрира пријателство со Русија, сепак е прозападна“, како и дека „нејзините главни приоритети се интеграциите во структурите на Западот, а на прво место интеграцијата во ЕУ“.

„Никој во Србија веќе не е подготвен и не сака да се бopи за Косово. За нив е јасно дека Косово е некој вид ланец кој ја ограничува нивната слобода за маневрирање во меѓународната политика. Истовремено, Косово за нив е адут во преговорите со ЕУ. Но јас навистина сметам дека главниот приоритет на актуелните владејачки елити во Србија е прозападната ориентација, која треба да им помогне во еден друг, ceбичен приоритет – да останат на власт што е можно подолго“, вели рускиот аналитичар.

 

- Реклама -