Руската зграда што ги чинеше нацистите повеќе животи и од цел Париз

25499737[1]

Сталинградската битка се смета за пресврт во Втората светска војна. Несомнено, се работи за една од најкрвавите битки во човечката историја, со скоро 2 милиона жртви. За Советите, кои изгубија преку милион војници и цивили за време на битката, победата кај Сталинград ќе значи почеток на победата над нацистичка Германија, а оваа борба и нивната желба за победа веројатно ниеден друг објект не ја симболизира подобро од Павловата куќа на плоштадот „9-ти јануари“.

Пред јуни 1942, Павловата куќа по ништо не се разликувала од стотината слични згради кои постоеја во центарот на Сталинград во првите децении на 20-от век – солидна четирикатница, изградена паралелно со брегот на Волга, на големиот плоштад, во кога живееле многубројни безимени работнички семејства од советска Русија.

Но во септември 1942 и нападот од страна на Германија, 13-от Вод на гардиската армија добил наредба да ја заземе зградата и да ја брани. Командантот на овој одред бил ранет, па со водот сега командувал Јаков Павлов, чие име засекогаш ќе остане запаметено и нераскинливо врзано со судбината на зградата.

Плоштад прекриен со мртви тела 

stalingrad2[1]

Обидот за завземање на зградата од страна на Германците бил страшно крвав и го преживеале само четворица руски војници, меѓу нив и Павлов. Тие продолжиле сами да ја бранат зградата, успевајќи да ја задржат позицијата неколку дена, сé до доаѓањето на засилувањето.

Сега имало 25 бранители. Ја опкружиле зградата со бодликава жица и мински полиња, поставиле против-тенковски и митралески гнезда на прозорците и се забарикадирале во внатрешноста. За подобра комуникација и дотур на опрема, пробиле премини во ѕидовите во подрумот и на горните спратови, а ископале и ров до надворешните советски позиции. Намирниците биле доставувани преку ровот или со помош на бродови кои ја минувале реката и покрај германските воздушни и нападите од артилеријата.

Сепак, да се задржи позицијата во „Куќата на Павлов“ било пеколно тешко. Од храна, и особено вода, постојано имало недостаток. Немало ни кревети, па руските војници се обидувале да спијат на изолациона волна откината од цевките. Не дека им одело од рака – Германците ја гаѓале зградата и деноноќно.

Сепак, секогаш кога германската пешадија или тенковите ќе се обиделе да поминат преку плоштадот и да се приближат на зградата, Павловите луѓе на нив отворале жесток оган од подрумот, прозорите и од кровот. Благодарение на бранителите на зградата, на „9-ти јануари“ паднале мртви неброено многу Германци, а упориштето станало трн во окото на нацистите. Постојат податоци дека зградата на плоштадот, на нацистичките мапи била обележана како тврдина.

Непокор

Во одбраната на зградата помагале и руски цивили. Тие заедно со војниците продолжиле да живеат во подрумот, за целиот период на опсадата. Тоа значело издржување на жестоките и деноноќни борби, кои траеле од 23 септември до 25 ноември 1942 година, кога конечно пристигнале и другите советски трупи и е извршен контранападот.

Така Павловата куќа станува симбол на тврдоглавиот отпор на Советскиот Сојуз за време на Сталинградската битка. Неколкуте десетини руски бранители успеваат да ѝ застанат на патот на нацистичката машинерија позната по тоа што градовите, па и цели држави освојувала за неколку недели. Овде, пред полусрушената зграда бранета од цивили и шака војници, нацистите останале повеќе од два месеца, и пак биле безуспешни.

По војната, гордите Руси се фалеле дека пред само овде, пред Павловата куќа, нацистите имале повеќе жртви отколу што имале дури и во нападот на Париз.

По војната, зградата е оставена во состојбата во која е затечена на крајот на битката, како споменик за извонредната непокорливост на рускиот народ.

pavolvs-house-4%25255B6%25255D[1]

- Реклама -