Руска вакцина против Ковид-19 на прелиминарна листа на СЗО

Истражувачкиот институт за вакцини и серуми при руската Федерална агенција за биомедицина, денеска соопшти дека неговата вакцина против новиот коронавирус се наоѓа на списокот на потенцијални вакцини, составен од Светската здравствена организација (СЗО).

Досега, тоа е единствена руска вакцина која се наоѓа на таа листа, соопшти Институтот во Санкт Петербург.

Вакцината е составена од рекомбинантен протеин базиран на епитопите на површинскиот С-протеин на САРС-вирусот CoV-2 (Ковид-19).

Како што се наведува, вакцината која ја разви рускиот институт е тестирана врз животни и докажала способност за предизвикување специфичен имунолошки одговор на Ковид-19.

- Реклама -