Специјалната операција на Кремљ во Украина е завршена, а тоа што сега се случува е трета светска војна, изјави новинарката Олга Скабејева во својата емисија што се емитува на телевизијата Русија 1.
Според неа, Русија сега се соочува со ситуација во која „ќе мора да го демилитаризира“ НАТО.
„Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина заврши, во смисла дека почна вистинска војна. Всушност, тоа е трета светска војна. Принудени сме не само да ја демилитаризираме Украина, туку и цело НАТО“, изјави Скабајева, една од главните руски пропагандисти, позната во јавноста и како „железната дама на телевизијата на Путин“.
Извор: МИА