Русите полудеа по хотел на највисокиот врв во Европа

Се работи за еко хотелот  LEAPrus 3912, кој се наоѓа во близина на неактивен  вулкан на надморска височина од 4.000 метри,  на јужната страна на планината Елбрус на Кавказ. Проектот е еден од неколкуте кои се планирани за промоција на туризмот во регионот, и веќе се смета за следната хит дестинација во Русија. Тој се состои од три „цевки”, лоцирани до засолништето  кое  е уништено од пожарот во 90-тите години.

Хотелот е отворен  во септември минатата година и нуди 49 места за сместување. Во ентериерот му преовладуваат долгите, слични на коридор простории, во кои се наоѓаат кревети. Во една од цевките е сместен ресторан. Вкупната површина на хотелот изнесува 139 квадратни метри. Тој е енергетски ефикасен – има соларни панели, соларна внатрешна инсталација, ефикасно LED осветлување и подно греење.

1(292) 4(256) 5(224) 6(204) 7(182)

 

 

- Реклама -