Русин за кого никогаш немате чуено направи нешто што не направил никој во историјата (ВИДЕО)

Роман Локтионов е 30-годишен руски стопер и освен ако детално не сте следеле нисколигашки руски фудбал, неговото име до овој момент веројатно ама баш ништо не ви значи. Но по ова, играчот на третолигашот ФК Волгар може и да ви остане во меморијата.

Тој направи нешто што тешко дека некој би помислил дека е можно. На натпреварот од руската трета лига против Владикавказ, на домашен терен, ФК Волгар победи со 1:0 токму со неговиот проектил од слободен удар во 17-тата минута на мечот.

И ништо немаше да биде чудно, ниту вредно да се спомене, ако овој ист фудбалер – Роман Локтионов, не постигнеше идентичен гол, од иста далечина, против истиот противник, во истата минута, на истиот стадион, 7 години претходно.

Колку што знаеме, ова никому досега не му успеало во историјата на фудбалот. А бидејќи е тешко за верување, повелете видео:

- Реклама -