Горниот дом на Рускиот парламент денеска го одобри извршување воздушни напади врз цели на Исламската држава на територијата на Сирија.
Според извори од Белата куќа, руските воздухопловни сили веќе ги извршиле првите напади во близина на Хомс.
Претходно Русија ја известила американската администрација дека нападот ќе биде извршен.
Шефот на претседателската администрација Сергеј Иванов, кој ја соопшти одлуката, додаде дека Москва одговорила на официјалното барање за помош од Сирија.
„Не станува збор за постигнување надворешно политички цели или било какви амбиции, како што нашите западни партнери вообичаено не обвинуваат. Овде се работи исклучително за рускиот национален интерес“, изјави Иванов.
Според него, најмалку 2400 руски граѓани стапиле во редовите на Исламската држава и Москва стравува од потенцијалната закана по нивното враќање во татковината.