Русија во јули зазеде уште 200 квадратни километри во источна Украина

Русија во јули презеде контрола на речиси 200 квадратни километри во источна Украина, главно во регионот на Доњецк, се наведува во извештајот на американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ).

Тој „успех“, сепак, е половина од она што Русија го постигна во мај годинава кога војниците ја преместија линијата на фронтот и презедоа контрола на 449 квадратни километри на почетокот на новата руска офанзива во регионот Харков, што потоа беше прекината.

Тогаш тоа беше најголемиот напредок на месечно ниво од март 2022 година.

Од почетокот на 2024 година Русија освои 1.246 квадратни километри, значително повеќе отколку во цела 2023 година кога окупираше 584 квадратни километри украинска територија.

Прочитајте и:  Писториус: Прекинот на двата оптички комуникациски кабли под Балтичкото Море е саботажа

Од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година, Русија окупираше 65.776 квадратни километри. Додека со Крим, што е анектиран во 2014 година и источните области кои веќе беа под руска контрола пред почетокот на инвазијата, површината заземена од Русија изнесува 107.956 квадратни километри или 18 отсто од украинската територија.

- Реклама -