Москва, 21 мај 2022 (МИА) – Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили уништиле голема пратка оружје што Западот ѝ го доставил на Украина.
„Ракетите со долг дострел ‘Калибр’ со висока прецизност, лансирани од морето, уништија голема пратка оружје и воена опрема“, се наведува во соопштението.
Пратката била испорачана од САД и европските земји во близина на железничката станица Малин, во регионот Житомир, на северозападот од Украина, наведе руското МО.