Русија има програма да ги саботира крајбрежните ветерници и телекомуникациските кабли во Северното Море, покажуваат податоците од заедничкото истражување на нордиските ТВ станици.
Во истражувањето на јавните телевизии на Данска, Норвешка, Шведска и Финска, се тврди дека Русија има флота од бродови маскирани како рибарски и истражувачки бродови во Северното Море.
Тие носат опрема за поморско набљудување и ги мапираат клучните точки за потенцијална саботажа, пишува Би-Би-Си, кој пренесува дека британските власти се свесни за такви пловни објекти во близина на британските води.
Првиот дел од серијата ќе се емитува во среда на јавните телевизии во четирите земји.
МИА