Русија нема намера да наметнува ставови, изјави Песков

Русија разликува ЕУ и НАТО, изјави Песков

Портпаролот на Кремљ,Дмитриј Песков,изјави дека во оваа фаза не може да даде конкретна оценка за текот на преговорите,но посочи дека денешните дискусии може да дадат поголема јасност околу можноста за средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

Тој нагласи дека рускиот претседател постојано изразувал подготвеност за дијалог со цел постигнување мир, потенцирајќи дека иако Русија има свои цели, преферира да ги реализира преку дипломатски пат.

Коментирајќи ја можноста Украина да стане дел од Европската унија,Песков објасни дека секоја држава има суверено право да носи такви одлуки,а Русија нема намера да наметнува ставови или барања во тој поглед.

„Станува збор за економски и интеграциски процеси, во кои секоја земја самостојно одлучува. Ние немаме намера да се мешаме, но кога станува збор за прашања поврзани со безбедноста или воени сојузи, тогаш нашиот приод е сосема различен, а тоа е веќе добро позната позиција,“ потенцираше Песков.