Очигледно во седумдесеттите Русија открила голема количина дијаманти, создадени од пад на астероид во источен Сибир. Русите најпосле решија да го откријат постоењето на овие дијаманти.
Падот, познат како Попигаи крипто-експлозивна структура, создал „судирни дијаманти“ – масивни минерални депозитит – пред околу 35 милиони години. Русите ја чувале тајната долго време, но тие неодамна го објавија постоењето на дијамантите и нивната количина – најверојатно се работи за доволно дијаманти за потребите на човештвото во следните 3000 години.
Судирните дијаманти се формираат кога астероид ќе падне во област со големи депозити на графит. Супер-густите минерали кои настануваат од падот се двапати поцврсти од нормалните дијаманти и имаат поголема структура. Ваквите дијаманти се доста скапи, не поради нивниот естетски квалитет туку за нивната употреба во високо-прецизни научни и индустриски процеси (обработка на метал, производство на ефикасни полупроводници итн.).
Според руската новинска агенција ITAR-TASS, Русите решиле да ја чуваат тајната поради веќе постоечкото ископување на дијаманти во Мирни, Јакутиа. На овој начин советската (а сега и руската) влада добива поголем профит во тесно контролиран светски пазар.
Дополнително во тој период советската влада започнала да произведува фабрики за синтетички дијаманти по што тие запреле со сите геолошки студии во ова поле и сите податоци биле класифицирани како врвна тајна.