По инцидентот со соборениот руски воен авион од страна на Турција, дипломатските односи меѓу двете земји се заострија.
Сепак Русија не планира сосема да ги влоши односите и ја спушти топката договарајќи средба со министерот за надворешни работи на Турција.
Сергеј Лавров: Русија нема намера да војува со Турција
Русија нема намера да војува со Турција, истакна на прес-конференција рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Лавров изјави дека Русија не е променета во “односот кон турскиот народ”. “Произлегуваат сепак прашања во врска со активностите на сегашната администрација на Турција”, подвлече министерот.
Министрите за надворешни работи на Турција и Русија ќе се состанат во наредните денови
Министрите за надворешни работи на Турција и Русија денеска спровеле телефонски разговор и се договориле да се сретнат во следните денови, јавува Reuters повикувајќи се на турското Министерство за надворешни работи.
“За време на разговорот двајцата министри се договориле да споделат детали за инцидентот, како и дипломатските и воените прашања”, изјави портпаролот на турското министерство.
Односите меѓу Анкара и Москва беа затегнати откако во вторникот турските сили го соборија руско воено летало. Едниот од пилотите беше брутално убиен од страна на сириските екстремисти.