Русија не е сериозно ослабена од војната во Украина, тврди естонскиот министер за одбрана

Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур не смета дека Русија е сериозно ослабена од војната во Украина, јави ДПА.

„Мораме да бидеме искрени и јасно да кажеме дека руската морнарица и руските воздухопловни сили се приближно големи колку што беа пред војната“, изјави Певкур за ДПА за време на неговата посета на Берлин.

Иако руските копнени сили изгубија многу луѓе, тие порано или подоцна ќе го вратат својот број од пред 24 февруари. Покрај тоа, Русија ќе учи од своето искуство во Украина, оцени естонскиот министер.

„Нема причина да се мисли дека заканата од Русија е намалена“, заклучи тој.

Естонија, пак, планира да потроши 2.84 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана следната година и 3.2 отсто од својот БДП во 2024 година, најави Певкур.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина

Извор: МИА

- Реклама -