Русите сѐ уште важат за сериозни „алкoxoличapи“, но судејќи по бројките, таквата репутација веќе не е, барем до таа мера, оправдана.
Според податоците на Светската здравствена организација, објавени денес, консумацијата на алкoxoл во земјата се намалила за дури 43% во споредба со 2003 година.
СЗО ваквата тенденција има ја припишува на одлучните мерки под раководство на претседателот Владимир Путин, кој и самиот е љубител на спортот и здравиот живот. Дел од тие мерки, на пример, се ограничувањето на продажбата на алкoxoл, како и популаризација на здравиот начин на живот.
„Руската федерација одамна е сметана за една од најсериозните консуматорки на алкoxoл во светот. Но во последните години тенденцијата се промени“, се вели во извештајот. Истражувањето покажува дека 43%-от пад во консумацијата, во периодот од 2003 до 2016 година, се должи на наглото намалување на консумацијата на швepцуван алкoxoл.
Според авторите на истражувањето, резултатот од ваквиот тренд е зголемениот просечен очекуван животен век на Русите, чиј историски раст кулминираше во 2018 година; 78 години за жените и 68 години за мажите. За споредба, во почетокот на ’90-те години на 20. век, очекуваниот животен век на мажите беше одвај 57 години.