Русија и Кина ќе одржат заедничка воена вежба

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Кина ќе одржат заедничка поморска воена вежба од 21 до 27 декември.

„Заедничките поморски вежби, што се одржуваат секоја година од 2012 година, ќе опфатат ракетен и артилериски оган во Источното Кинеско Море. Главната цел на вежбите е зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина и одржување на мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион#, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во воената вежба ќе учествуваат четири руски бродови, вклучувајќи го и ракетниот крстосувач Варјаг, шест кинески бродови, како и авиони и хеликоптери од двете страни.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари, Москва се обидува да ги зајакне своите политички, безбедносни и економски врски со Пекинг.

Прочитајте и:  Трговска војна не им оди во прилог ниту на САД, ниту на Кина - му порача Пекинг на Трамп

Русија и Кина потпишаа стратешко партнерство „без ограничување“ само неколку дена пред Москва да ја почне најголемата копнена инвазија во Европа од Втората светска војна. Но, Пекинг изрази загриженост поради активностите на Русија во Украина.

МИА

- Реклама -