Русија: Кибер агресијата на Западот ќе има тешки последици за нејзините поттикнувачи и сторители

Москва, 29 март 2022 (МИА) – Кибер агресијата што Западот ја започна против Русија ќе има последици и ќе бидат утврдени нејзините извори, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Според руското Министерство за надворешни работи, САД и „нивните сателити“ преземаат масовна кибер операција против руските државни институции, медиуми, објекти од критична инфраструктура и витални системи, кои секојдневно се изложени на силни напади, со употреба на напредна информатичко-комуникациска технологија, пишува во соопштението.

„Никој не треба да се сомнева: започнатата кибер агресија врз Русија ќе доведе до тешки последици за нејзините поттикнувачи и сторители. Изворите на нападот ќе бидат утврдени, напаѓачите неизбежно ќе сносат одговорност за своите дела, согласно законот“, се посочува во соопштението.

Прочитајте и:  Борел: Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ

Исто така се додава и дека во „кибер војната“ против Русија учествуваат и „кибер платеници“, чии задачи често се граничат со, како што се оценува, „отворен тероризам“.

- Реклама -