Русија им забрани влез на 227 американски претставници

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека на 227 американски официјални претставници им е забранет влез во Русија.

Во соопштението од руското МНР се наведува дека САД постојано ги прошируваат санкциите против Москва и како мерка на реципроцитет на 227 американски функционери им е забранет влезот во Русија како мерка на реципроцитет.

На листата на руското МНР има дипломати, бизнисмени, новинари и академици кои спроведувале антируски активности. Помеѓу нив се и портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер и поранешниот американски амбасадор во Москва Џон Саливан.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина
- Реклама -