Русија го преименуваше „Одделот за паневропска соработка“ во „Оддел за европски проблеми“

Досегашниот руски владин Оддел за паневропска соработка, задолжен за односите на Русија со ЕУ и НАТО, од минатата недела е применуван во Одделот за европски проблеми, објави „Политико“.

Според бриселскиот портал, во врска со ова преименување портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова за локалните медиуми изјавила дека тоа е одраз на „променетата геополитичка реалност“, вклучително и на „очигледната деградација на структурите за мултилатерална соработка во Европа“.

Односите меѓу Русија и ЕУ се речиси целосно замрзнати од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Како одговор на руската инвазија, ЕУ воведе санкции кон Москва, вклучително и замрзнување на руските средства во земјите на Унијата, и започна сеопфатна поддршка за Украина.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Од друга страна, Русија уште во март 2022 година се повлече од Советот на Европа, а во јули годинава го суспендираше и своето учество во работата на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

- Реклама -