Русија го презема имотот на „Renault“, сега ќе се произведува „Москвич“

Руските средства на францускиот производител на автомобили „Рено“ станаа државна сопственост, соопшти денеска Министерството за индустрија и трговија на Русија.

„Потпишани се договори за трансфер на руски средства на групацијата ‘Рено’ на Руската Федерација и владата на Москва“, се вели во соопштението.

Како што информираше градоначалникот на Москва – Сергеј Собјанин, во овие капацитети сега ќе се произведуваат автомобили од историскиот бренд „Москвич“.

Фабриката на „Рено“ во Москва

„Странскиот сопственик одлучи да ја затвори фабриката на Рено во Москва. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме илјадници работници да останат без работа. Затоа решив да ја преземам фабриката под раковоство на градот и да го обновам производството на автомобили под историскиот бренд „Москвич“, напиша Собјанин на својот блог.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна

Од француската Renault, информирајќи дека од денеска престанува производствениот процес во Москва, на Твитер напишаа дека постапуваат одговорно кон 45-те илјади вработени во Русија. Од групацијата додаваат и дека веќе ги се имплементираат неопходните мерки во согласност со меѓународните санкции.

- Реклама -