Русија ги отфрли обвинувањата дека стои зад саботажата во Франција

Кремљ денеска ги отфрли шпекулациите на западните медиуми дека Русија стои зад саботажата на објектите од критичната инфраструктура во Франција за време на Олимписките игри.

„Ова е само уште едно неосновано обвинување“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на денешната прес-конференција.

Според него, има многу неквалитетни медиуми, па дури и угледни, кои во последно време не бегаат од тоа да ја обвинат Русија за „буквално се што се случува“.

Прочитајте и:  Украина првпат ја нападна Русија со американски ракети ATACMS - погодено складиште во Карачев, во Брјанскиот регион
- Реклама -