Кога избирате руменило, препорачуваме да купите некое со лесна текстура. Совршено е она кое има мелени повеќебојни пигменти.
Жените изгледаат значително помлади кога имаат руменило на образите, дури и кога истото не е нагласено.
Тенот добива блескав и здрав изглед, кој ги краси младите девојки. Ова би требало да биде финален потег во шминкањето. Сепак, бројни дами се плашат дека ќе изгледаат премногу румени и мислат дека пудрата е доволна.
Кога избирате руменило, препорачуваме да купите некое со лесна текстура. Совршено е она кое има мелени повеќебојни пигменти, бидејќи се нанесува рамномерно, го истакнува тенот и делува сосема природно, а лицето добива топол сјај и префинет изглед.
Користете го да ги истакнете јаболчниците и да создадете ефект на полни образи, а можете да го ставите и на вратот и деколтето.
Нанесувајте во согласност со обликот на лицето и задолжително набавете квалитетна четка од вистински влакна, никако вештачка.