Ручек за малку пари: 3 кризни рецепти

Да се штеди никогаш не е на одмет. Ако сакате да заштедите со храната, а на трпезата да имате убав ручек, ви претставуваме 3 вкусни рецепти.

Шницли од компир

Potato Chops

Состојки: 1кг компири, 4 јајца, 100г корнфлекс, 50г брашно, сол, зејтин

Подготовка: Исчистете ги компирите и варете ги со лушпа 15 минути во посолена вода, исцедете ги, изладете ги и излупете ги. Полусварениот компир исечете го на дебели кругови. Секое парче добро посолете го, извалкајте го во брашно, сматени јајца и корнфлексот. Пржете на загреан зејтин. Кога ќе поруменат од двете страни, извадете ги шницлите на хартија да се исцедат.

Солен тарт

quiche-hedgehog-mushrooms-ham-big

Состојки: 600г компири, 250г шампињони, 2 струка праз, 2 јајца, 100мл павлака, 100г кашкавал, зачин, сол, бибер, зејтин

Подготовка: Излупените и измиените компири исечете ги на кругови. Зачинете ги, посолете и наросете бибер, па распоредете ги во плех. Празот исечете го на кругчиња и испржете го и додајте ги шампињоните исечени на листови, кратко динстајте, посолете и наросете бибер. Потоа распоредете ја смесата над компирите. Јајцата и млекото сматете ги и прелијте го зеленчукот, а одозгора изрендајте кашкавал. Печете околу 30 минути на 180 степени.

Печени компири со сланина

33099

Состојки: 800г компири, 100г чадена сланина, 100г крем сирење, 50 г путер или маргарин, 1 лажица исецкан магдонос, зачин, сол, бибер

Подготовка: Добро измиените компири со лушпа варете ги околу 15 минути и исцедете ги. Полусварениот компир преполовете го и издлабете го. Крем сирењето, путерот, магдоносот измешајте ги, па составете ги со исецканата сланина и исецканата средина од компирот. Издлабените компири наполнете ги со смесата и печете околу 30 минути на 180 степени.

Добар апетит!

- Реклама -