Многу вкусно и сочно јадење!
Потребни состојки:
500 г пилешко бело месо или мелено месо по ваш вкус
2 мали изрендани тиквички
3 млади кромитчиња
4 лажички ситно сечкан коријандер или магдонос
1 чешне лук (или повеќе по вкус)
1 лажичка сол или по вкус
½ лажичка црн пипер или по вкус
сув зеленчуков зачин по вкус (вегета)
маслиново масло
бешамел сос или течна неутрална павлака за готвење
Постапка:
Тиквичките откако ќе ги изрендате ќе пуштат малку течност, па исцедете ги.
Пилешкото ситно исечкајте го или сомелете го на машина. Може да користите и било какво друго мелено месо.
Потоа сите наведени состојки помешајте ги добро. Од добиената смеса направете плескавици.
На тава на врело масло запржете ги плескавиците од една и од друга страна додека да заруменат.
Потоа редете ги во тепсија или плех, а потоа прелијте ги со течна павлака или бешамел сос, а одозгора наросете рендан кашкавал.
Запечете ги во загреана рерна на 220 степени околу 15-тина минути. Послужете топло.