Ручек готов за 15 минути: Тестенини во 3 чекори

Оброк, готов за само 15 минути, е сон на секоја жена. Во продолжение ви прикажуваме предлог рецепт кој не само што ќе биде готов за момент, туку и нема да ви остави бројни валкани садови. За овој рецепт ви е потребен само еден сад.

Потребни состојки:

– 3 лажици маслиново масло
– 4 чешниња исечкан лук
– 800 мл. конзервирани домати
– шака босилек
– 4 шолји вода
– 100 г. рендан кашкавал
– Сол
– Бибер
– Пиперка
– Буковец

Подготовка:

1. Во големо тенџере загреете масло, па во него запржете го кромидот и лукот околу 3 минути.
2. Потоа додадете ги и останатите состојки, прелиете со 4 чаши вода, додадете зачини, посолете и почекајте да зоврие.
3. Откако ќе зоврие продолжете да готвите додека да смекнат тестенините онолку колку што вам ви се допаѓаат, повремено мешајќи.
4. Кога ќе бидат готови, тргнете ги од оган, и оставете да упијат од течноста.
5. Сервирајте ги во чинија, додадете рендан кашкавал и уживајте во брзата и вкусна вечера.

Совет:

Доколку сте љубители на посилните вкусови, збогатете ја вечерата и со 150 грама сечкана сланина.

- Реклама -