Рубиковата коцка може да се реши во само 20 чекори

рубикНаучници кои врешеле истражувања поврзани со рубиковата коцка тврдат дека секоја коцка, без разлика колку е измешана, може да биде решена во само 20 чекори. За да го добијат овој златен број, им биле потребни само околу триесет години истражување и мала помош од компјутери.

Научници кои врешеле истражувања поврзани со рубиковата коцка тврдат дека секоја коцка, без разлика колку е измешана, може да биде решена во само 20 чекори. За да го добијат овој златен број, им биле потребни само околу триесет години истражување и мала помош од компјутери.

рубикОвој златен број, кој тие го нарекле “God Number” го означува оптималниот број на чекори потребни за решавање на загатката. Според нивните резултати, решението е на само 20 чекори од сите можни 43,252,003,274,489,856,000 почетни комбинации.

Единствениот податок кој загрижува е што како што можете да видете има 43 милијарди милијарди шанси за грешка. Еден од научниците поврзани со проектот изјавил „Со мала помош од компјутерите на Гугл, ги решивме сите можни комбинации на рубиковата коцка, и докажавме дека секоја комбинација може да се реши во само 20 чекори.“ [Rubik’s Cubes only 20 moves from completion]

- Реклама -