„РСЕ“: Јанушев за „Рекет“: Демонстрации, блокирање улици и институции… Ништо не е исклучено

Ниту една идеја и начин на делување не е исклучен за да се симне оваа влада од власт, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Игор Јанушев, во интервјуто на „Радио Слободна Европа“ што ќе биде објавено во недела. Според него, се разгледуваат сите опции во рамките на демократските принципи и вредности.

Не се исклучени демонстрации, протести, протестни маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, блокирање на институциите… „Значи буквално секој оној демократски начин на делување во моментов не се исклучува“, објаснува Јанушев. Како што вели тој, за најдобриот начин на делување, со цел конечен пад на „криминално-рекетарската влада“, ќе одлучуваат извршниот и на централниот комитет на партијата, на заседанијата кои ќе се случат во наредниов период. Повеќе на „Радио Слободна Европа“.

 

- Реклама -