„РСЕ“: Анѓушеви поседуваат третина од малите хидроелектрани во земјава

Директно или индиректно, вицепремиерот Кочо Анѓушев е сопственик на една третина од вкупниот број на постоечките мали хидроелектрани во земјава, истражува „Радио Слободна Европа“.

Од првата мала хидроцентрала, која добила лиценца за работа пред 10 години, досега се изградени и функционираат вкупно 75 мали хидроцентрали. Податоците од Централниот регистар и Регистарот на Регулаторната комисија за енергетика за повластени производители на електрична енергија од малите хидроелектрани, покажуваат дека Анѓушев, преку фирмата „Фероинвест“, е сопственик на 25 од нив, пишува „РСЕ“.

Тука е и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, кој има удел во фирма која под своја сопственост има три хидроелектрани. Како што пишува порталот, Мицкоски станал дел од сопствеништвото на таа компанија во 2014-та година, со влог од 700 евра. Повеќе детали читајте ТУКА.

Прочитајте и:  Николоски: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

 

- Реклама -