Роналдо имал секс на Камп Ноу

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо имал жешки ноќи на „Камп Ноу“ и тоа во соблекувалната на Барселона.

Шпанскиот новинар Луис Лаинц ја објави книгата „Зад затворени врати“ во која има многу сочни детали од историјата на Барселона, а интересен е делот во кој е опишано како Роналдо довел две девојки во соблекувалната во ноќните часови и имал секс во тројка.

„Откако бил виден како влегува во соблекувалната со две девојки, а потоа некое време не се појавил, обезбедувањето на стадионот се загрижило да не има некаков проблем. Но, кога дошле да проверат, го нашле како има секс со двете девојки“, пишува во книгата.

Барселона успеала некако да ја затаи оваа информација, а тогашниот претседател Нуњез изјави: „Како не разбирате дека тој е само 20-годишно момче кое сака да се забавува?!“

- Реклама -