Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо бил гостн во шпанскиот медиум „Sport“ и во интервју открил некои сочни детали од неговата врска со Ирина Шајк.
Фудбалерот и манекенката се во врска четири години, а до сега им одолевале на сите трачеви кои би можеле да предизвикаат расправии и раксинување.
Во интервјуто Роналдо ја „отворил“ душата и им дозволил на обожавателите да ѕирнат зад нивните четири ѕида.
– Ирина ги краде моите гаќи. неодамна погледнав во нејзиниот плакар и беше пол со моите гаќи. Тоа беше смешно, но мислам дека тоа е добро- рекол Роналдо.
Исто така, ја коментирал и приказната за брак па наведува дека не планира венчавка.
– Среќни сме. Се уште не размислуваме за брак, но тоа ни е некаде во план. Полека, се во свое време- објаснил Роналдо.