Роналдо негира дека потпишал нов договор

Кристијано Роналдо преку Твитер ги демантираше сториите кои велеа дека Португалецот ја продолжил верноста кон Реал Мадрид.

Иднината на португалскиот репрезентативец на Сантијаго Бернабеу е под знак прашалник откако во септември минатата година Кристијано Роналдо изјави дека не е среќен во Реал Мадрид.

Претседателот на ’Кралевите’, Флорентино Перез во неколку наврати нагласи дека ќе стори се што може за да ја врати насмевката на лицето на CR7 и фудбалерот да стави потпис на нов договор.

Во последно време се најавуваше дека Кристијано Роналдо ќе ја продолжи верноста со Реал Мадрид до 2018, но фудбалерот преку Твитер испрати демант.

„Сите вести за мојот нов договор се невистинити” – напиша Португалецот.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Роналдо, кој е под договор со ’Кралевите’ до 30. јуни 2015, се поврзува со неколку клубови.

Се шпекулира дека Монако е подготвен да плати 100 милиони евра, а и ПСЖ е расположен да одвои мало богатство за играчот.

Медиумите исто така пишуваат за можно враќање на Роналдо во Манчестер Јунајтед.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -