Роналдо ја славеше титулата со Георгина, прегрнати позираа со пехарот во раце

Кристијано Роналдо ја прослави синоќешната победа и освојувањето на Лигата на нации, гордеејќи се со својот партнер Георгина Родригез. Двојката позираше со пехарот, а фотографијата која ја споделија беше само дел од моментите од финалето.

„Шампиони! Честитки, тиме“, напиша Георгина покрај нивната заедничка фотографија, додавајќи и неколку други снимки од важниот настан.

Со своите деца, Родригез го следеше финалето кое се одржа во Минхен, а за тоа ја избра впечатливата облека – црвен корсет комбиниран со видлива, црвена долна облека.

Португалија славеше победа над Шпанија по драматични пенали. По 120 минути игра резултатот беше 2:2, а португалската репрезентација победи со 5:3 во изведувањето на пенали.

Кристијано, кој не можеше да гледа во тој момент, падна на земја од радост и заплака кога ја виде победата. И покрај досега постигнатите успеси во кариерата, неговиот излив на емоции ја потврдува љубовта кон фудбалот, дури и во овој подоцнешен период од неговата кариера.