Според шпанските медиуми, во договорот на Португалецот е вметната тајна клаузула, која би му овозможила не само да се врати во европската елита туку и в Премиер лигата. Роналдо, наводно, следната сезона би се преселил во Њукасл под услов овој тим да се пласира во ЛШ. Причина за ваквиот трансфер е фактот што сопственици на црно-белите се шеици од Саудиска Арабија, поради што преминот воопшто не би бил проблематичен.
Њукасл во моментов е третопласиран во Премиер лигата со реални шанси да биде дел од европското елитно натпреварување следната сезона.