Роналдо чекал еден повик да не потпише за Ал Наср, ама тој – очекувано не дошол!

Кристијано Роналдо на крајот од изминатата 2022 година ја напушти Европа и замина во Саудиска Арабија за неверојатни 200 милиони евра годишно, најголемиот договор во историјата на спортот откако потпиша за Ал Наср.

Трансферот на Роналдо во С. Арабија се најавуваше од летоска, кога одби 150 милиони по сезона, но стана пак актуелен после раскинувањето на договорот со Манчестер јунајтед и фамозното интервју кај Пирс Морган. И „Марка“ уште за време на СП најави дека договорот со Саудијците е близу, па на крај се оствари.

- Реклама -